Црна хроника
Гостиварец фатен со лажен негативен ПЦР-тест на скопскиот аеродром
Гостиварец се обидел да ја напушти државата со фалсификуван негативен ПЦР-тест за што е казнет со глоба од 2.000 евра.
„На 17 март 36-годишниот обвинет се обидел да ја напушти државата преку Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ употребувајќи фалсификуван медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2. Иако знаел дека не се тестирал и дека таков сертификат не е издаден од наведената болница, тој исправата ја употребил како вистинита пред аеродромските служби“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

