Црна хроника
Го барале да оди во затвор, а додека бил на слобода го тепал и таткото

Вчера околу 17 часот полициски службеници од полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М. (27) од с. Челопек, по добиена пријава дека агресивно се однесувал кон семејството и физички го нападнал неговиот татко.
Исто така, М.М. бил баран од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор.
Против М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Детали за пукањето во Прилеп: осомничениот подолг период ја демнел вработената во Центарот за социјални работи, пукал и кон директорот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице.
Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување.
Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената која е повередена и е вон животна опасност, но и кон директорот на установата кој не е повреден.
Осомничениот е лишен од слобода, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење, соопштија од обвинителството.
Топ
Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп: повредено вработено лице, сторителот уапсен

Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје и било повредено едно лице кое е пренесено во Градска болница Прилеп.
Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп било излезено на лице место при што од слобода бил лишен А.Ј.(50) од Прилеп кај кого се пронајдени пиштол и нож.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.
Црна хроника
Дисциплинска постапка за полицaeцот чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај.
Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во близина на село Смилковци и клучка Стајковци се претставил како полициски службеник и ја покажал службената легитимација на неговиот татко.
Притоа, Ф.Х. физички го нападнал лицето, кое потоа настанот го пријавило во полициска станица. Во врска со настанот, СВР Скопје во соработка со јавен обвинител, против Ф.Х. ќе поднесе кривична пријава по член 386 – „насилство“ од Кривичниот законик.
Додека, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди констатира дека полицискиот службеник И.А.Х., дозволувајќи неговата службена легитимација да биде употребена за лични цели од неговиот син, постапил спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи и против него ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за нарушување на работниот ред и дисциплина.