Црна хроника
Го нападнал семејството на девојката со која избегал
Четириесет и двегодишниот Д. Ш. од Куманово пријавил дека во населбата Шуто Оризари, тој и неговото семејство биле физички нападнати од Б. Џ. (22) од Скопје и уште неколку непознати лица. Нападнатиот заминал на договорена средба со Б. Џ., со кого претходно побегнала неговата 19-годишна ќерка.
Кога стигнал со неговото возило „голф 3“ со кумановски регистарски ознаки, заедно со неговата сопруга, брат му и неговиот 17-годишен син, го забележале Б.Џ. со повеќе непознати лица. Тој веднаш почнал да го удира таткото на сопругата со дрво и му нанел телесни повреди во пределот на главата и телото. Потоа се придружиле и другите лица, кои физички ги нападнале сите лица во возилото „голф“ удирајќи ги со рацете и нозете по главите и телата. Б.Џ подоцна зел и секира, но семејството на бегалката успеало да се оддалечи.
Членовите на семејствто со итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св. Климент Охридски“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

