Црна хроника
Граната и рачна бомба пронајдени во Битола

Граната и рачна бомба од светските војни биле пронајдени на две локации во Битола.
Според информациите на МВР, вчера Љ.С. пријавил дека пронашол една рачна бомба од периодот од Првата или Втората светска војна во река над село Ниже Поле.
Истиот ден, Ц.М. пријавил дека во плац за мермер во Битола пронашол стара артилериска граната со калибар 75 милиметри од Првата светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тепачка во болницата „8 Септември“: двајца скопјани ги нападнале вработените

Вчера во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од с.Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
Топ
Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд.
Според информациите на МВР тие се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
Пијан возач удрил во бетонски столб во Струшко

Доцна синоќа во 02.20 часот, во полиција е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Октиси, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Ш., удрило во бетонски столб.
Возачот бил пренесен во Општата болница во Струга. По извршено алкотестирање, утврдено е дека тој возилото го управувал со 1,93 промили алкохол во крвта, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.