Црна хроника
Гранати и муниција пронајдени во близина на струшкото село Калишта
На нива меѓу струшките села Франгово и Калишта полицијата денеска пронашла муниција, гранати и рачни фрлачи (РПГ).
Од МВР информираат дека оружјето било пронајдено напладне по претходно собрани оперативни сознанија.
Од таму истакнуваат дека во координација со Обвинителството се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата
Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот А.А. од Скопје, удрило во пешакот М.М. од Скопје и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А.. Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени девет лица во Битолско кои организирале нелегални борби со кучиња, следува кривична пријава за „мачење животни“
На 01.11.2025 во 23:00 часот во селото Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип.
Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“.
Црна хроника
Струмичанец паднал од мопед и починал
Вчера во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.

