Црна хроника
Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе oбвинителен предлог против даночна инспекторка од Кавадарци за примање поткуп од член 357 став 2 од Кривичниот законик.
„Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата, која вршела контрола во правното лице, побарала да ѝ бидат дадени 1.000 евра за да не сочини записник од извршената контрола во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице. Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не ѝ биде исплатена побараната сума, поради неправилностите кои ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице ќе треба да платат парична казна од многу повисок износ”, соопшти обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

