Црна хроника
Дваесетгодишно момче од Арачиново осомничено за продажба на марихуана
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 20 години поради основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот во својот дом во Арачиново, неовластено, заради продажба, држел марихуана со нето-маса 1007,8 грама, скриена во плакар во подрумската просторија. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во домот на 23 февруари.
Поради опасност осомничениот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Жена повредена на концерт во КИЦ кога од таван паднала вентилациска решетка
Жена на возраст од 46 години била повредена за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа паднала решетка од вентилација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата што синоќа околу 23:15 часот пристигнала во СВР Скопје од Ургентниот центар, настанот се случил околу 22 часот, кога посетителката М.И. од Скопје била донесена со телесна повреда предизвикана од паднатата решетка од таванот додека траел концертот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Млади момчиња нападнале лице во Прилеп, двајца од осомничените тинејџери
Млади момчиња од Прилеп се сомничат за напад врз едно лице на градскиот плоштад.
Според информациите од полицијата, станува збор за четири лица – двајца полнолетни, К.С. (19) и А.Р. (24), и двајца малолетници на возраст од 17 години.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на 25 септември 2025 година на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, кога пријавените физички нападнале едно лице и му нанеле тешка телесна повреда.
Црна хроника
Уапсен возач од Ресен, возел со двојно поголема брзина од дозволената
Вчера во 16:20 часот на патот Битола- Ресен, на место викано „Превалец“, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Е.(40) од Ресен.
При контрола со радар било констатирано дека М.Е. управувал патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

