Контакт

Топ

Дваесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа, излетало од патот и удрило во столб

Објавено пред

Дваесетгодишно лице со иницијали М.А. почина по сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-село Липково.

dobivaj vesti na viber

Тој управувал патничко возило „форд фокус“ со кумановски регистарски ознаки, при што изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб. По ударот добил повреди и заедно со својот сопатник бил пренесени на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

М.А. починал на полноќ, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Македонија

Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди, велат од Државниот инспекторат за земјоделство

Објавено пред

Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добивањето на известувањето од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF – Window) од Република Хрватска во врска со пратка на свеж кељ (Brassica oleracea var sabauda), која била идентификувана како небезбедна од страна на хрватската царинска служба при увозот. Првично од Државниот Инспекторат за Земјоделство потенцираа дека во медиумите се појавија соопштенија кои не се точни бидејќи посочуваат на пратки на зелка, а во конкретниов случај станува збор за свеж кељ. Според Хрватскиот извештај, се утврдило присуство на забранета активна материја imidacloprid во производот, којашто од 1.12.2020 во рамки на Регулативата на ЕУ 2020/1643 е забранета за употреба. Извозот е остварен на 9.1.2025 година а пратката која што била заджана на граничниот премин е со вкупно количество од 2700кг.

dobivaj vesti na viber

По добивањето на оваа информација, Државниот инспекторат за земјоделство направи 20 вонредни контроли од страна на внатрешни фитосанитарни инспектори кај регионалниот откупувач и извозник, при што е констатирано дека земјоделскиот производ свеж кељ е откупен од земјоделско стопанство во с.Јосифово, Валандово. Инспекцискиот надзор беше спроведен кај 20 земјоделски стопанства меѓу кои и производителот од кој потекнува свежиот кељ, и се земени мостри за да се утврди дали има присуството на забранената активна материја. По добиениете резултати Државната Фитосанитарната Лабораторија беше констатирано дека нема присуство на ниту една забранета активна материја во земените примероци. Во рамки на акцијата беа изречени решенија за водење на евиденција и глоба во износ од 700 евра, по истиот основ.

Во изминатите денови беа извршени дополнителни проверки и анализи, а директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, во рамки на изјавата за медиуми апелираше дека водењето на листа за евиденција на третирање на растенија и растителни производи е задолжително.

„Државниот инспекторат за земјоделство во континуитет ги следи сите аспекти на безбедноста на земјоделските производи што се извозуваат или увезуваат во нашата држава. Нашата основна задача е да обезбедиме гаранција дека производите кои ги испорачуваме на странските пазари, како и оние што ги увезуваме, не содржат забранети или опасни активни материи кои можат да претставуваат ризик за здравјето на луѓето. Во случајот со кељот извезен во Хрватска, по извршените контроли и анализи, можеме да потврдиме дека нема присуство на опасни материи. Но, и понатаму ќе продолжиме со интензивни надзори за да осигуриме безбедност на сите земјоделски производи во нашата држава“,посочи Анакиев.

Иако во Македонија пазарот на пестициди кои содржат imidacloprid е веќе регулиран, и понатаму се изведуваат редовни и вонредни инспекциски надзори. На овој начин, се осигурува дека земјоделците ги следат законските регулативи и дека не се користат забранети хемикалии кои можат да доведат до затруени производи.

За дополнителни информации, граѓаните се упатуваат да ги следат сите нови извештаи и да се консултираат со надлежните органи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните цели не се реализираат, а тоа е полноправно членство во ЕУ

Објавено пред

„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат гризење на совеста, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас нема да навлегувам во таква дебата“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање што подразбира под македонско прашање бидејќи од Атина го обвинија за иредентизам.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и стратешките цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на Европската Унија.

„Второ, вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада пресуди што се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед, а кои не се почитуваат. Зборуваме за 21 век, зборуваме за земја членка на Европската Унија, која не ги почитува човековите права на македонската заедница. И тоа е нешто што претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21 век сè уште е предизвикан и македонскиот идентитет. Би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање сè додека ја вршам оваа улога што ја вршам, а тоа е претседател на македонската Влада, бидејќи граѓаните тоа го очекуваат од човекот што ја предводи македонската Влада“, изјави премиерот Мицкоски.

„Јас знам дека во минатото имало луѓе што ја предводеле македонската влада, на кои македонското прашање воопшто и не им било ни меѓу првите 10 приоритети, но ќе ве молам да се навикнете на Влада во која прв приоритет на претседателот на Владата му е македонското прашање“, заклучи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР за уапсените за тероризам: Планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Објавено пред

Четворица терористи, со идеологија на ИСИС, беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади.

dobivaj vesti na viber

За првопријавениот постојат сомневања дека создал терористичка ќелија во која со активно учество дејствувале другите три кривично пријавени лица.

„Намерата на членовите на терористичката ќелија била извршување терористички акт на цивилни или таканаречени меки цели, односно јавни објекти на територијата на Република Северна Македонија, со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните“, велат од МВР.

Ќелијата дејствувала од позиција на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС, а за остварување на намерата првопријавениот формирал повеќе групи на социјалната мрежа „Телеграм“, во кои споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи, кои потоа ќе ги искористат за извршување терористички напади.

Другите членови биле дел од телеграм-групите, каде што се споделувале преведени материјали, кои претходно биле преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС.

Претходно, Обвинителството соопшти дека акцијата се одвивала на пет локации во Скопје и Гостивар. Биле извршени претреси на дом и други простории, при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења. На осомничените им е определен 30-дневен притвор.

Во декември беше спроведена акција, која исто така се однесуваше на разбивање ќелија на ИСИС, која дејствувала во Гостивар. Првоосомничен беше 21-годишен гостиварец, кој ги ширел намерите на групата преку повеќе групи на социјалната мрежа „Телеграм“, каде што споделувал и пропаганден материјал на терористичката организација Исламска држава, чија идеолошка матрица, според Обвинителството, била во основите на групата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди, велат од Државниот инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добивањето на известувањето од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF –...

Македонија5 часа

Мицкоски: Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните цели не се реализираат, а тоа е полноправно членство во ЕУ

„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат гризење на совеста, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас...

Македонија7 часа

МВР за уапсените за тероризам: Планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Четворица терористи, со идеологија на ИСИС, беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади. За првопријавениот постојат...

Македонија7 часа

Уште четворица уапсени во Македонија поради тероризам: регрутирале нови членови на ИСИС и ширеле терористичка пропаганда

Уште четири лица се приведени во Македонија како дел од акцијата што почна во декември, а се однесуваше на тероризам....

Македонија9 часа

Кривична пријава поради измама со ортопедски помагала, Фондот оштетен за 8,7 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против И. Т. во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД...

Македонија9 часа

СДСМ: Не е нормално Владата да купува авион, а за лекови на Онкологија да чека донации

Владата ќе купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што...

Регион9 часа

Генерален штрајк во Србија, протест закажаа и адвокатите

Генералниот штрајк или „општа граѓанска непослушност“ на кој беа поканети граѓаните на Србија од студентите во блокадата, започнува денеска, објавуваат...

Македонија9 часа

Обвинителството да отвори истрага за сите злоупотреби со онколошката терапија, повика ВМРО-ДПМНЕ

Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс. Една иста мафија на...

Култура10 часа

„Емилија Перез“ и „Анора“ – филмовите номинирани за „Оскар“ месецов на репертоарот на Кинотеката, на програмата повеќе култни остварувања

Кинотеката на Македонија во февруари 2025 година подготви исклучителна филмска програма која ги спојува класиците на златната ера на Холивуд,...

Свет10 часа

(Видео) Вонредна состојба во Ирска и Шкотска: откажани летови и затворени училишта поради невремето Еовин

Поради невремето Еовин, училиштата и универзитетите денеска се затворени во Ирска и Шкотска, а откажани се и голем број летови...

Свет11 часа

Трамп: Зеленски е подготвен да преговара со Русија за ставање крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да преговара за договор со Русија за...

Свет12 часа

Документите за атентатот на Кенеди веќе нема да се чуваат во тајност

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на...

Свет12 часа

(Видео) Одбивме непријателски дронови упатени кон Москва, соопшти градоначалникот

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни...

Свет24 часа

Tрамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини

Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност...

Спорт1 ден

Македонија силна против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го...

Топ1 ден

Почина тримесечно бебе во Скопје

Вчера во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето...

Македонија1 ден

Рокас од Куманово ја поздрави размената на честитки за новата влада во Бугарија и нагласи дека е фокусиран на реформите што се бараат од нас

Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека...

Македонија1 ден

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“....

Топ1 ден

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на...

Македонија1 ден

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не...