Црна хроника
Двајца битолчани краделе бакарни цевки во струшката Специјална болница за нефрологија
Полицијата поднесе кривични пријави против двајца битолчани што се сомничат дека извршиле тешка кражба.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ. В. (29) и Б. В. (23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба.
Тие во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ Специјалната болница за нефрологија, на улицата Партизанска во Струга, со употреба на остар алат насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки, а на 30.5.2022 година ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата, при што направиле дефект на системот за довод на медицински гасови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена градинка во Чаир
Ограбена е Детската градинка „11 Октомври“, на подрачјето на Чаир.
„На 18.01.2025 со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети“, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Израелци затекнати со дрога кај транспортниот центар во Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Н.(29) и T.A.(29), двајцата од Израел, поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
„На 23 август минатата година кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин, хашиш, бела кристална материја и МДМА таблети“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште
Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Ученикот по приемот во болницата во Прилеп е хоспитализитан на Клиниката за детска хирургија во Скопје и неговата состојба е стабилна.
„На 20.01.2025 во 15.01 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 11 – годишник од Прилеп. Според пријавеното, малолетникот паднал од трет кат на основното училиште во кое учел во Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.
Засега нема официјални информации како дошло до несреќата.
(Обновено)