Топ
Двајца браќа истепале полицајци во Струга
Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга. Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите.
„Двајца браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 и 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга, кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа осомничените ги удирале полициските службеници со шлаканици и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените, на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги“, соопшти струшкото Обвинителство.
Поради можноста да го повторат делото или да избегаат, судот им определи притвор на напаѓачите во траење од осум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти МВР.
Според информациите од полицијата, на 18 февруари 2026 година, во семејниот дом во Битола каде што живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка.
Следниот ден, на 19 февруари 2026 година, во Полициската станица Битола, за време на службен разговор, пријавениот оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.
Македонија
Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини
По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце, со реакција во јавноста се огласи и Јане Ченто.
„Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор.
Мене ми наместија предмет дека сум го прекршил куќниот притвор и ме вратија во Шутка по само 20 дена дома“, објави тој на социјалните мрежи.
„Со камери во мојот дом докажав дека сум бил дома. Докази имаше. Снимки имаше.
Од МВР тврдеа спротивно – и никому ништо, помина нивното.
Сѐ беше џабе.
5 и кусур години ме влечеа по судови за нешто што знаеа дека не постои.
На крај – правосилна пресуда во моја корист.
Вистината исплива.
Но изгубеното време, притисоците, понижувањето, кој ќе ги врати?
Кога ќе ги гледам денешните правосудни „аршини“, не можам да премолчам.
Правдата во оваа држава очигледно не е иста за сите.
Може да нѐ наречете како сакате неколку од нас што не губиме надеж за тоа дека еден ден ќе дојде правда, но тоа е, ние ќе се надеваме.
И да, ми се гади од лицемерието.
Толку“, пишува тој.
Македонија
Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“
Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции.
Во рамки на посетата, Сали учествуваше на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, при што беше изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ.



За време на посетата, предвидена е билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за европска и евроатлантска интеграција на Украина, Тарас Качка, на која ќе се разговара за напредокот во процесот на европска интеграција, спроведувањето на реформите и унапредувањето на соработката меѓу двете земји во пристапниот процес кон Европската Унија.
Во агендата е предвидена и средба со претседателката на Комитетот за интеграција на Украина во Европската Унија при Врховната рада, г-ѓа Ивана Климпуш-Цинцадзе, со фокус на парламентарната соработка и размената на искуства во пристапните преговори.
Сали ќе оствари средба и со врховниот муфтија на Украина и претседател на Духовната управа на муслиманите на Украина, Ахмед Тамим, на која ќе се разговара за меѓурелигискиот дијалог и улогата на верските заедници во промовирањето на мирот и општествената стабилност.
Посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка и реафирмирање на поддршката на Македонија за суверенитетот, територијалниот интегритет и евроатлантската перспектива на Украина.

