Топ
Двајца загинати во тешка сообраќајка во Штип

Сообраќајна несреќа со фатални последици се случила синоќа на улицата Брегалничка во Штип.
Како што информираат од МВР, се судриле автомобил „југо“, управуван од Г.П. (68) од Штип и автомобил „опел астра“, управуван од Д.Ш. (19) од Штип.
На местото на несреќата, од здобиените повреди починале возачот на „југото“ и неговата сопатничка Ј.П. (62) од Штип, додека возачот на „астрата“ се здобил со повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).
Свет
Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера за доаѓањето на Кирк на универзитетот. Тие разговарале за тоа како Кирк ширел омраза.
Осомничениот за пукањето на Чарли Кирк е уапсен, а неговиот татко одиграл клучна улога во неговото предавање, откри тој.
Според изјавите на полицајците, таткото го препознал својот син на фотографиите објавени во јавноста и веднаш го повикал да се предаде на властите. Тој го повикал и пасторот за помош, кој потоа контактирал со американската полиција, по што осомничениот бил приведен.
Осомничениот беше уапсен во четвртокот вечерта околу 23 часот по локално време во јужна Јута. Тој живеел во куќа со шест спални соби вредна 600.000 долари во Вашингтон, околу 420 километри јужно од местото на злосторството.
Неговата мајка, Амбер Робинсон, работи во „Интермаунтејн Спојкер Координејшн Сервисис“, која соработува со државата Јута за да обезбеди грижа за лицата со попреченост.
Цимерот на убиецот ги открил пораките
Спенсер Кокс рече дека клучните информации доаѓаат од пораките што осомничениот ги разменил со својот цимер.
Според Кокс, истражителите разговарале со цимерот кој им кажал што се случува. Гувернерот ја опиша содржината на спорната комуникација подетално.
„Содржината на тие пораки вклучувала пораки поврзани со контактирање на Тајлер во кои се наведува потребата да се извади пушката од складиштето, оставање на пушката во грмушка, пораки поврзани со визуелно набљудување на просторот каде што била оставена пушката и порака поврзана со оставање на пушката завиткана во пешкир.“
Во пораките, додаде Кокс, се споменуваат и куршуми, како и наводната изјава на Робинсон дека треба да се пресоблече.
Кокс, исто така, се осврна на политичките ставови на Робинсон, цитирајќи изјава од член на семејството. Според таа изјава, Тајлер Робинсон „станал политички поактивен во последните години“.
Топ
Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река.
Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници, од кои според првичните сознанија двајца се од Бангладеш и еден од Непал, додека едно лице е тешко повредено. Возачот се здобил со лесни повреди.
ОЈО Штип презема дејствија за испитување на причините за несреќата. Се врши разговор со очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.