Црна хроника
Двајца исчезнати во Скопје, едното е дете

Две лица во текот на изминатото деноноќие биле пријавени за исчезнати во Скопје.
Во првиот случај, во Гази Баба, Х.И.(24) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ј.И.(19), која имала здравствени проблеми.
Второто исчезнување било пријавено денеска во 2.50 часот. Во Полициска станица Бит Пазар, А.Б.(50) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син А.Б.(14).
Од МВР велат дела се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.
Црна хроника
Приведени двајца битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Пелистер

Двајца битолчани биле приведени од страна на полицијата за време на синоќешниот ракометен натпревар меѓу Вардар 1961 и Пелистер, што се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се П.Д. (26) и Д.А. (23), зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
Црна хроника
19-годишна девојка загина во тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово

19-годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје-Тетово.
„Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17:40 часот лекар констатирал смрт“, информира МВР.
Со телесни повреди се здобиле сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.