Црна хроника
Двајца кумановци истепале вработен во Градски паркинг во Аеродром

Двајца жители на кумановско Љубодраг истепале вработен во Градски паркинг Скопје зошто биле незадоволни дека морале да платат казна за непрописно паркирање.
Според информациите на МВР, инцидентот бил пријавен вчера околу 16.20 часот, а се случил на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром. З.М.(59) и Г.М.(34) физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје, а според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен битолчанец: бил баран со потерница за казна затвор од пет години

Во Битола вчера во 10.00 часот на ул. „Коста Абрашевиќ“ полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(42) од Битола.
Тој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за извршени кривични дела по член 215 од КЗ.
Лицето, како што соопшти полицијата е спроведено во Казнено- поправниот дом „Затвор Прилеп“.
Црна хроника
Измамена скопјанка: ѝ кажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајна несреќа и прегазила дете, па ѝ барале пари

Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10 часот била измамена од едно лице за сума од 1.800 евра.
Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полиција.
Црна хроника
Видео од малолетници со експлицитна содржина објавено на социјалните мрежи: случајот го пријавил 17-годишник од кривопаланечко село

Во ОВР Крива Паланка вчера во 09.50 часот, 17-годишник од кривопаланечко село пријавил дека на социјална мрежа било објавено видео од него и друг малолетник со експлицитна содржина.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.