Топ
Двајца мажи ги натепале сопругите, друг демнел жена, а четврт се расправал со поранешната девојка и пукал во воздух – МВР со детали
Тепање, демнење, пукање. Вакви случаи го преплавија полицискиот билтен на МВР.
„На 03.06.2023 во 22.20 часот во СВР Скопје, 68 – годишна жена од скопско село пријавила дека околу 17.00 часот во домот била физички нападната од својот сопруг З.С.(72), кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(32) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. На 26.04.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна 30 – годишна сопруга и ѝ нанел повреди“.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.К. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 23.06.2023 во с.Арачиново, скопско, по претходна расправија со неговата поранешна девојка, пријавениот испукал два куршуми од огнено оружје во воздух“.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ј. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „демнење“ и „загрозување на сигурноста“. Пријавениот одреден период следел, вознемирувал и упатувал закани кон женско лице и нејзините родители“, информира МВР во билтенот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Топ
Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени
Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Во незгодата повредени се пет лица, од кои три се пренесени во болницата во Прилеп, а две во болницата во Кавадарци. Лекар констатирал смрт кај две лица, соопшти МВР.
Од 18 часот сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Полицијата врши увид, по чие завршување јавноста ќе биде дополнително информирана за деталите од несреќата.
Топ
Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат.
Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување.
Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа.
Предметниот јавен обвинител предложи на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост. Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата.

