Црна хроника
Двајца малолетници се шетале кај Железничка за време на полициски час
За време на полицискиот час на 30 март, во близина на Железничката станица, полицијата забележала како се шетаат двајца малолетници на возраст од 15 и 14 години.
Тие се товарат дека сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Јавен обвинител од скопското основното јавно обвинителство поднел барање за поведување подготвителна постапка за двајцата малолетници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инциденти во скопски Аеродром: нападнати сопружници на паркинг, ограбен локал
Три инциденти регистрирала полицијата, во текот на вчерашниот ден, во скопската општина Аеродром.
Според информациите објавени во дневниот билтен, нападнат бил 19-годишник во кафуле од страна на 30-годишен скопјанец.
Физички нападнати биле и сопружници среде бел ден на паркинг.
„Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
Истиот ден имало и грабеж од угостителски објект, кога непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети.
Црна хроника
Дете нападнало врсник со нож во Чаир
Четиринаесетгодишник бил избоден од 15-годишен малолетник синоќа по 20 часот во Чаир.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на повреденото момче.
Нешто пред полноќ, во придружба на родител, малолетникот-напаѓач се самопријавил за стореното дело и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата за случајот.
Црна хроника
Возачот кој удри во тинејџер во Битола се пријавил во полицијата
Дваесет и двегодишно момче управувало со возилото кое вчеравечер околу 3 часот по полноќ удри во 17-годишник кој се здоби со тешки повреди.
Возачот утрото во 7.20 часот самиот се пријавил во полицијата, соопшти МВР. Се работи за момче од битолско, кое управувало автомобил со германски национални ознаки.
Со него од страна на полициски службеници извршен бил службен разговор.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.