Топ
Двајца осуденици во Затворот Скопје претепани со метални и дрвени предмети, со тешки повреди пренесени на Клиника

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осудениците 23-годишниот А.Ц. и 25-годишниот Ј.Ц., двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети, извести МВР.
А.Ц. и Ј.Ц. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај.
Од Обвинителството појаснија дека во зависност од здравствената состојба на повредените, a според однапред утврден распоред, навремено ќе ги известат за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување.
Во моментот се прибавуваат и сите контактни и адресни податоци за оштетените од пожарот и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката.
Се додава дека обвинителскиот тим кој постапува во предметот интензивно презема итни дејствија кои не трпат одлагање. Се вршат сослушувања и координација на вештачењата неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка.
Топ
Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит-пазар, потврдија од полицијата за „Макфакс“.
На терен има полициски службеници и екипи на брзата помош.
Повреденото лице е пренесено на Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот биле најдени повеќе патрони, а засега нема официјални информации за причините за вооружената престрелка.
Македонија
Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се откочи патот кон Европската Унија. Тој е дециден и дека е крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било како држава, а се осврна и на владината позиција да се стави крај на билатеризацијата на европската интеграција, која, ако стане пракса, ќе предизвика штета на целиот регион.
„Нашите позиции се да се стави крај на билатеризацијата на европската интеграција и нешто што го повторувам дека создавањето пракса на билатерализација штети на целиот регион. Процесот на проширување нема да биде конечен без интеграција на целиот регион“, рече Муцунски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ.
Шефот на македонската дипломатија изјави и дека посветеноста кон европската интеграција треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на која било влада по однос на националните прашања.
„И што доколку утре се прифати тоа што се бара од нас? Што доколку утре се случат уставните измени и за шест месеци повторно сме во иста ситуација. И повторно ќе треба и дијалог и разговори и повторно ќе биде закочен процесот на преговори. Ги следам и пораките што доаѓаат дека реформската агенда, доколку се исполни, ја врши и дел од работата на самите преговори. Притоа, нагласувам, не мислиме како Влада дека реформската агенда може да го замени процесот на преговори, тоа е далеку од нашата позиција. Но, реформската агенда, прво, може да биде трансформативна за целата држава, а второ, ќе ја покаже и на дело нашата посветеност кон европската интеграција“, рече Муцунски.
Тој изрази и надеж дека европскиот парлмент ќе ја продолжи традицијата на извештаи кои се позитивни кон напредокот врз основа на мерит-критериумите за членство во Унијата.