Црна хроника
Двајца пешаци тешко повредени кога во нив удрил автомобил на крстосница во Штип
Двајца пешаци се тешко повредени кога доцна синоќа во нив удрило возило на крстосницата од улиците Васил Главинов, Генерал Михајло Апостолски, Вита Поп – Јорданова и мостот што ги поврзува со кејот Маршал Тито во Штип.
Според информациите, автомобил „матиз“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Е. Л. (47) од Штип, удрило во пешаците Р. К. (70) и Г. Т. П. (62) од Штип.
Во несреќата Г. Т. П. добила тешки телесни повреди, а Р. К. добила телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид на местото од екипа од Полициската станица Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: возел пијан
Ноќеска во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода 49-годишниот Р.Г. од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

