Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Според полицијата, вчера во 18.20 часот на булеварот Борис Трајковски во Скопје се судриле „хонда сивик“ со скопски регистарски таблички, управувано од Х.К. (19) од Скопје, и патничко возило „југо“ со скопски регистарски таблички, управувано од З.М. (69) од Скопје.
Во незгодата тешки телесни повреди добила сопатничката од „југото“, Б.М. (61) од Скопје, а телесни повреди добил возачот З.М.. Со возило на Итната медицинска помош тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Повредени четири лица во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко.
Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево.
Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола.
Битолчанецот се здобил со тешки повреди, а неговите двајца сопатници, меѓу кои и дете се полесно повредени.
Извршен е увид.
Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
18-годишна девојка се оддалечила од својот дом во Скопје, случајот го пријавил таткото

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 41-годишниот Р.Б. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка, 18-годишната А.Р. од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.