Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица – Ново Село
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во петок попладне на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на излезот од Струмица пред бензинската пумпа.
Сообраќајката се случила меѓу „бмв“ со бугарски регистарски таблички и работна машина за сечење дрва, управувани од струмичаните Т.П.(32) и Е.Ш.(31).
Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ш. и сопатникот Д.А.(31) од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар-Струмица. Е.Ш. бил задржан на понатамошно лекување, а Д.А. е пуштен на домашно лекување.
Увид на местото извршила екипа од ПС за БПС-Струмица. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

