Црна хроника
Двајца тетовци фатени како пренесуваат 40 мигранти
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица, рано утрово, околу 4.30 часот, кај местото наречено Табла кај селото Богородица, ги лишиле од слобода А. З. (24) и Ј. С., двајцата од тетовското село Копачин Дол.
Како што информираат од МВР, при извршена контрола на товарно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. З., во кое совозач бил С. Ј., биле пронајдени 40 мигранти (30 од Пакистан, 6 од Авганистан и 4 од Индија).
Поради сомнение за извршено кривично дело шверцување мигранти, возачот и совозачот се приведени во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

