Црна хроника
Двајца уапсени во Валандовско, пронајдена марихуана, куршуми и друга муниција
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Струмица – ОВР Валандово на Валандовско брдо било запрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот З.А. од село Дедели, валандовско, извести МВР.
– При преглед во возилото пронајдена е торба во која имало седум пакувања и две ќеси со марихуана во количина од два килограми. При обид да побегне, З.А. бил лишен од слобода и за случајот е известен јавен обвинител. Малку подоцна, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, при извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени куршуми и друга муниција, соопшти МВР.
Во текот на денешниот ден, пак, лишен од слобода бил и 22-годишниот Б.О. од Гевгелија со место на живеење во село Дедели, за кој од истрагата било утврдено дека бил инволвиран во недозволена трговија со наркотична дрога, додаваат од Министерството.
По документирање на случаите од страна на ОВР Валандово до надлежното ОЈО Гевгелија ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

