Топ
Двегодишното девојче имало скршен череп, ребра и крвавење во мозокот – се бара притвор за таткото, кој го натепал до смрт
Обвинителството бара притвор за таткото на 2-годишното девојче од Кичево, кое загина откога било натепано.
Обвинителството објави дека за таткото е донесена наредба за спрoведување истражна постапка за убиство.
„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој ѝ нанел повеќе удари со рацете и нозете предизвикувајќи ѝ тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крвавење во мозокот и скршеници на две ребра“, информираа од Обвинителството.
Министерството за здравство објави дека девојчето следниот ден, на 19 декември, на Ургентниот центар при Општата болница во Кичево во коматозна состојба била примена, а во болницата ја донела мајка ѝ. Поради критичната состојба, малата пациентка е препратена на Ургентниот хируршки центар во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, а потоа префрлена на Универзитетската клиника за неврохиргија во Скопје.
По 22 дена борба за живот, детето починало од зобиените повреди на 8 јануари во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Здравствените институции, во кои беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор во Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат
„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ.
Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти.
За жал се потврди дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија“, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Дознавме вели тој дека за СДС-ДУИ поважни им се партиските функции.
„Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра?
И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам – ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?
20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија, не излезе со став или осуда, ама затоа се здружени со заменик министерот Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време!?
Па треба да веруваме дека збореле дека ќе отпочнат со работа кога ќе има услови, а не и можеби за ветување заштита за 12-те директори заради колапсот на Хирургија?“, истакнува Стоилковски.
Додаде дека веќе 20-тина дена „абер нема од санација на Хирургија, се заради негрижа на двоецот СДС-ДУИ, за лични интереси и партиски функции“.
„Кабелот повеќе не може да е виновен! Ако санацијата би вредела 120.000 евра, ако за 120.000 евра 20 дена здравството е во колапс, некој дебело ќе одговара.
Одговорност ќе има, колку и да се групираат и регрупираат“, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за ,,упад” од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем
Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија , Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во РСМ и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразил загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, известуваат од неговиот кабинет.
Лога во писмото пишува:
„Ценејќи ја Вашата досегашна континуирана поддршка изразена преку многубројните проекти и вложени средства, кои несомнено придонеле за реформските процеси, како и обезбедување на цврсти гаранции на владеење на правото, со вознемиреност и загриженост Ви се обраќам со ова писмо.
Во оваа прилика би сакал да Ве информирам и да го насочам Вашето внимание кон најавите за ,,упад”, кој се подготвува од парламентарното мнозинство во правосудниот систем. Паралелно со најавите за реформа на органите на управата и реорганизација на министерствата, владеачкото мнозинство соопшти дека подготвува и пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители“, пишува Лога.
Изјавите од партиски функционери за мене лично и за Министерството за правда, како што појаснува во писмото, се неприфатливи и недозволиви не заради одбрана на поединци во овие органи, туку за независноста и непристрасноста на овие институции за кои имаме добиено извештај од Оценската мисија каде точно е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството.
„Иако како министер за правда минатата година кога се случија настаните во Судскиот совет, јавно излегов со став за престанок на мандатот на членовите за кој не добив поддршка од коалиционите партнери ниту од опозициските партии, а исто така и по оддржани консултации со Ваши претставници, ми беше сугерирано дека Оценската мисија ќе ја скенира состојбата во Судскиот совет и ќе даде препораки за надминување на состојбите, за што добивме и Извештај. Препораките од Извештајот со особено внимание беа разгледани од највиските претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе, што овие препораки се дел од најзначајните документи, како што се: Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст. Дополнително, беше формирарана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор.
Изразуваме сериозна загриженост што поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година, коишто неспорно создадоа заробена држава, констатирано во повеќебројни извештаи од меѓународните организации.
Ваквите најави се избрзани и опасни, и цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Република Северна Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери“, потенцирал Лога во писмото кое им го испратил на делегации на меѓународната заедница.
Свет
Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје
Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран на руска територија, пишува CNN.
„Прекрасно изгоре. Тоа е руски „С-300“, на руска територија. И во првите неколку дена по дозволата за употреба на оружје испратено од Западот на непријателска територија“, објави на Фејсбук министерката на украинската влада Ирина Верешчук и прикачи слики од наводниот напад.
Украина претходно гаѓаше цели на руска територија, но овој пат тоа го направи со западно оружје, што може да предизвика остра реакција на рускиот претседател Владимир Путин, кој минатата недела ги предупреди членките на НАТО дека треба „да бидат свесни со што си играат“ кога зборуваат за напади на територијата на Русија, пренесува медиумот.
Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американско оружје за напади на руска територија, под услов тие да гаѓаат само цели во близина на границата во близина на Харков. По оваа одлука, Украина може да ја користи артилеријата „Химарс“, која и ја доставиле САД, за напади врз руски војници и командни центри во Русија, но сепак не е дозволено да користи американски системи со долг дострел.
Германија, Франција, Британија и некои други европски земји неодамна се одлучија на сличен потег. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали одлуката на Бајден и рече дека тоа е „чекор напред“ во одбраната на Харков.
Од друга страна, во интервју за Гардијан, тој јасно стави до знаење дека при напади на руска територија мора да има можност да користи моќно оружје со долг дострел – што е „црвена линија“ на САД. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека НАТО има право да и помогне на Украина во нејзиното право на самоодбрана и дека тоа не ја прави Алијансата учесник во војната.