Топ
Две лица бегајќи од полицијата фрлиле марихуана и пиштол во речно корито кај Радовиш

Против две лица на 20 и 24-годишна возраст од селото Ракитец, Конче, поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
МВР соопшти дека лицата се дале во бегство, при легитимација и преглед од страна на полициски службеници што се случил пред казино во Радовиш.
„При бегството првопријавениот фрли ќеса со марихуана и пиштол во речното корито“, информираат од МВР.
По преземени мерки лицата биле пронајдени од страна на полицијата, а и кај второпријавениот била пронајдена и одземена марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА).
– Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на претклинички студии. Вакцината е подготвена за употреба, чекаме лиценца, рече Скворцова.
Како што истакна таа, студиите ја потврдиле безбедноста на вакцината, вклучително и можноста за повеќекратна употреба, како и нејзината висока ефикасност во намалувањето на големината и забавувањето на растот на туморите. Покрај тоа, резултатите покажаа продолжено преживување на пациентите.
– Планираме да почнеме да го користиме кај колоректален карцином. Во исто време, во последната фаза имаме вакцина за уште два вида тумори – глиобластом, еден од малигните тумори на мозокот, како и посебни видови меланом, не само на кожата, туку и на очните мембрани. Ова е многу тешка и брзонапредувачка болест, па затоа овие локализации ќе бидат следни, нагласи Скворцова.
Таа потсети дека во ноември 2024 година, на состанок со претседателот на Русија, објавила дека ФМБА планира да започне со употреба на вакцина против рак за персонализиран третман на пациенти од 2025 година.
Македонија
Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните, а во обид да се одглават, нивните чизми останале заглавени и згазнале во стопената смеса. Пожарот е ставен под целосна контрола.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека огнените јазици зафатиле три производни линии означени како 6, 7 и 8, од кои два магацини.
„Сите три погони имаа сончеви панели на покривот и се целосно опожарени. Благодарение на навремената интервенција на пожарникарите, спасени се линиите од 1 до 5. Во гаснењето учествуваа екипи од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес. Пожарот е ставен под целосна контрола и нема опасност од негово ширење“, изјави Ангелов.
Според информациите, спасени се и дел од магацините со готови производи и суровини, со што спречена е поголема материјална штета.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) првично информираа дека пожарот во фабриката позната под брендот „Винчини“, бил пријавен во 18:40 часот преку единствениот број за итни случаи – 112.
Пожарот, како што информират оттаму, избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката, по што на терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари.
На нив на помош веднаш им дојдоа колеги од кочанската противпожарна единица и од Доброволното протипожарно друштво (ДПД) Кочани, а беа издадени насоки до градоначалникот на Виница да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини.
Македонија
(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони.
Инцидентот бил пријавен денеска околу 18:40 часот во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112. Огнот избувнал во магацинскиот простор и брзо се проширил во производствените хали со редни броеви 6, 7 и 8, каде што биле складирани суровини и дел од опремата.
На местото веднаш интервенирале екипите на Територијалната противпожарна единица од Виница со неколку возила и пожарникари, но поради обемот на пожарот била побарана помош од соседните општини.
„Во гаснењето се вклучени и противпожарните сили од Кочани со сите свои капацитети, а дополнителна поддршка е побарана од Македонска Каменица и Штип,“ соопштија од ЦУК.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, изјави дека станува збор за специфичен урбан пожар, што бара исклучиво интервенција на професионални пожарникари и координација на повеќе општини.