Црна хроника
Две скопјанки и еден малолетник искасани од кучиња скитници
Вчера вечер во 23.15 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека на булеварот „Александар Македонски“ била касната од куче скитник, извести МВР.
– На 22.10.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Периша Савелиќ“ била касната од куче скитник. На 22.10.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Т.М.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Боро Менков“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.