Црна хроника
Приведен сопственик на локал во Арачиново, кај него пронајден пиштол
Вчера вечер околу 20.45 часот во рамки на „Безбеден град“ полициски службеници од ОСОСК во содејство со Одделот за специјални полициски операции извршија заедничка контрола во угостителски објект во скопско Арачиново, при што е приведен сопственикот на објектот, 34-годишниот С.Џ. од Арачиново, извести МВР.
– При преглед на присутните во угостителскиот објект, кај сопственикот е пронајден пиштол со полна рамка, соопшти МВР.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружјето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.