Црна хроника
При претрес на „бмв“ на Табановце пронајдена поголема сума пари, 35-годишник предаден на царинската служба
Вчера попладне во 14 часот на ГП Табановце, на влез во државата, извршена е контрола на 35-годишниот Ј.В. од Радовиш кој управувал патничко возило „БМВ“ со шведски национални ознаки, извести МВР.
– При преглед и претрес на лицето и возилото биле пронајдени поголема сума пари во девизи повеќе од пријавеното, соопшти МВР.
Ј.В. е предаден на царинската служба за понатамошна постапка и ќе се соочи со соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.