Топ
Деветмина повредени во сообраќајна несреќа на „Словенечка“

Девет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот Словенија во Скопје.
Несреќата се случила меѓу три возила – автомобил „фолксваген“, управувано од М. Б. (25) од Скопје, автомобил „опел“, управувано од И. Ш. (52) од Скопје, и автомобил „мерцедес“, управувано од И. А. (34) од с. Љуботен, Скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а телесни повреди добиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел“, Ј. Ш. (49) и Б. Ѓ. (24), и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н. Ш. (49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Болницата „Козле“ се’ уште без вода – пациентите времено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, пациентите кои имаат потреба од хоспитализација времено ќе бидат згрижени на Универзитетската клиника за детски болести и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Во објектот во Козле ќе продолжат со работа дневната болница и амбулантските прегледи.
Министерството за здравство информира дека ваквата мерка е преземена со цел да се обезбеди континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти. Оттаму додаваат дека состојбата се следи, и веднаш по нормализирање на водоснабдувањето, хоспитализацијата во Козле ќе продолжи непречено.
Клиниката од вчера остана без вода. Во случајот, не станува збор за дефект туку причина е што болницата се наоѓа во висока зона, па нема вода исто како и целата населба Водно.
Топ
Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 31-годишниот Д.Р. и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.
Македонија
33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, четири се под контрола, а 28 пожари се целосно изгаснати.
Единствениот активен пожар е во општина Василево, во селото Нивичино, каде гори нискостеблеста шума.
Пожарите што се под контрола се на следните локации: општина Велес (околу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци), општина Дојран (село Николич), општина Демир Хисар (депонија), како и општина Македонски Брод (помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа).
Пожари што се изгаснати во текот на изминатите денови имало во различни региони на земјата, вклучувајќи го Гостивар, Кочани, Неготино, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово, Сарај, Гази Баба, Сопиште, Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров, Петровец, Босилово, Желино, Тетово, Јегунивце, Македонска Каменица, Струга и Илинден.
Граѓаните се повикуваат на внимателност и почитување на забраната за движење во шуми, да не пали оган на отворено и да не се фрлаат догорчиња.