Црна хроника
Деветмина приведени со марихуана во Скопје и во Тетово
Деветмина се приведени во текот на вчерашниот ден во полициски акции во Скопје и во Тетово, откако при претрес кај нив била пронајдена марихуана.
На полноќ полициски службеници од СВР Скопје на ул. Натанаил Кучевишки го лишиле од слобода С.И.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(24) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашеста материја. Полицијата претходно во 15:35 часот на улицата Полог го привела Ж.Ј.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
На подрачјето на Бит-пазар бил приведен и А.М.(34) од Скопје, кој кого е пронајдена марихуана. На подрачјето на Ѓорче Петров, пак, приведен бил А.К.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
На ул. Тодор Александров полицијата го лишила од слобода З.Н.(31) од Скопје, додека во селото Ново Село е приведен Н.Т.(26) од Скопје. И кај двајцата е пронајдена марихуана.
Вчера околу 20:20 часот на ул. Илинденска во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.З.(46) од тетовска Мала Речица и Р.З.(40) од струшко Ладориште, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

