Црна хроника
Девојка пронајдена во безсознание на постојка во Ѓорче Петров
На 18.06.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров било пронајдено женско лице во безсознание и со возило на Итна медицинска помош лицето било пренесено на Клиника за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош, информира МВР.
По извршениот разговор со неа било констатирано дека се работи за А.М.(22) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазен тинејџер во Битола, возачот побегнал
Утрово во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата Партизанска во градот, автомобил управуван од непознат возач удрил во 17-годишен пешак од Битола, а потоа го напуштил местото на настанот.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид.
Црна хроника
Автомобили се судрија кај Сарај, повредени се четири лица
Вчера на регионалниот пат Скопје –Тетово, атар на село Дворце, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(62) од село Радуша, скопско.
Во несреќата возачот А.Љ се здобилсо тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобиле – другиот возач Е.Ф. и неговите две сопатнички Ф.Ф.(55) и А.Ф.(27) двете од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
17-годишното момче кое доживеа струен удар е во критична состојба
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 14.55 часот на железничката пруга на територија на Кисела Вода, 17 – годишник од с.Волково, скопско, кој бил качен на цистерна – вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила.
Со возило на Итна помош повредениот бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Како што велат од Ургентниот центар, неговата состојба е критична.