Црна хроника
Девојче нападнато од три малолетнички во Шуто Оризари

На 15.05.2023 околу 09.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, малолетничка била физички нападната од три малолетнички, сите од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Товарно возило со српски ознаки удрило во објект на Царинската управа: ги оштетил покривот и рампата

Вчера окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царински терминал, товарно возило „волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н.(44) од Р.Србија, удрило во објект на царинската управа и оштетило дел од кровот и рампата.
Полицијата информира дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Скопјанка истепана од сестра си

Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзината сестра, соопшти полицијата.
Во СВР Скопје вчера во 14:30 часот, 63-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.10.2025 околу 19:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината сестра С.В..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина 69-годишен маж: со возилото излетал од патот во Гостиварско

Вчера во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново, на влез за с.Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.