Топ
Десетмесечно бебе донесено во Поликлиниката Чаир без знаци на живот, телото на обдукција

Десетмесечно бебе, вчера било донесено во Поликлиниката Чаир без знаци на живот.
Од МВР велат дека била констатирана смрт без траги на насилството.
Телото на бебето по наредба на јавен обвинител е дадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа

Два месеца по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има тројца пациенти, кои сè уште имаат отворени рани, а во странство се единаесетмина. Директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, вели дека имаат многу длабоки изгореници и потреба од продолжено лекување.
„Им требаат преврски, третмани, можеби понатаму кај некои од нив ќе треба и трансплантација на кожа. Ќе бидат соодветно третирани. Сите знаеме дека тие пациенти почетно беа во многу тешка состојба, сите беа испратени во странство и прашање беше дали ќе останат живи. Благодарни сме им на сите земји што ги прифатија и ги лекуваа. Екстензивноста на повредите кај овие пациенти, кои се потешки и кои се враќаат меѓу последните, е поради тоа што се со многу длабоки изгореници, со многу длабоки рани и кај нив ќе треба подолг третман. Секако, рехабилитацискиот период кај нив ќе биде малку подолг. Со заеднички сили и од нашите тимови и со трпение од пациентите за кусо време ќе можеме да кажеме дека се затворени раните. Мора да потенцирам дека овие повреди се со доста голем интензитет и длабочина на изгорениците“, рече денес директорката Ѓоргиевска-Павловска.
Таа нагласи дека сите пациентите ги имаат телефонските броеви од сите лекари и може да ги бараат во секој момент кога имаат потреба од одговор на некое прашање, преглед или соодветен третман. Лекарите се организирале за сите да имаат приближно ист број пациенти за да може соодветно да им се посветат.
Освен тројцата на Пластика, во земјата се лекуваат уште двајца пациенти во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и двајца во болницата во Кочани. Директорот на Фондот за здравствео осигурување, Сашо Клековски, вели дека за пациентите сместени во Кочани се очекува да дојдат за третман во Скопје.
Во болницата во Кочани 40 пациенти се на физикална терапија и триесетина се на терапија со плазма збогатена со тромбоцити, но по многубројните забелешки дека нема доволна грижа за повредените изминативе денови, Министерството за здравство од утре почнува реевалуација на состојбата на сите пациенти, и оние што се вратени од лекување во странство и оние што се лекуваа дома, за да се утврдат нивната состојба и потребата од понатамошна рехабилитација.
Директорот Клековски, пак, најави дека повторно ќе го поканат тимот од Израел, кој беше во Скопје на почетокот на трагедијата, за да даде мислење за понатамошната грижа на пациентите. Покрај тимот од Израел, кој допрва ќе биде поканет, во Кочани е дојден тим од Бугарија, кој ќе направи индивидуални проверки кај сите повредени кај кои има потреба од компресивни ракавици.
Македонија
Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката на досегашниот министер Арбен Тараври, вели дека доколку му понудат, би ја прифатил функцијата.
„Да, ако ми понудат, ќе прифатам, но со соодветна замена во Фондот за здравствено осигурување“, рече директорот Клековски на денешниот брифинг со новинарите, прв по оставката на Таравари.
Клековски беше назначен за директор на Фондот за здравствено осигурување лани на почетокот на јули. Вели дека таму се чувствува продуктивно, но отворен е за соработка во зависност од потребите.
„Владата има претседател, кој ја составува. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот за здравствено осигурување, каде што има многу работа. Ќе бидам отворен за работа во зависност од потребите, но пак ќе кажам дека во Фондот има многу што да се работи, така што за какви било рокади треба да се понудат соодветни решенија за Фондот“, рече директорот Клековски.
Минатата недела, по оставката на Таравари, Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ рече дека сите позиции што во Владата ги имаше Алтернативата за Албанците ќе останат во „Вреди“.
Македонија
(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на договорите за нов кредит од 6 милијарди евра кој го зема Владата.
Тој посочи дека, според изјавите на премиерот и вицепремиерот, станува збор за два договори: „еден во делот на стратешка соработка, и еден договор на заем“ со Обединетото Кралство. Филипче потенцираше дека целата постапка се одвива без доволна информираност на јавноста и институциите: „Сметам дека јавноста, за жал, а ниту политичките субјекти, дали во парламентот или генерално во земјата, за ваков сериозен договор за заем, немаат доволно детали“.
Тој додаде дека Владата е должна веднаш да излезе со повеќе информации, бидејќи, како што рече, ваква рамка за волкава сума на пари досега нашата земја не потпишала со ниту една институција, со ниту една влада.
Истакна дека е особено важно да се знаат сите параметри, бидејќи се работи за огромни суми на пари, камати кои што не знаеме колкави се, а кои ќе ги враќаат следните генерации.
Во однос на првиот договор, за стратешка соработка, Филипче ја истакна поддршката од СДСМ.
„Апсолутно го поддржуваме“, рече тој, објаснувајќи дека и претходната влада потпишала ваков договор со Обединетото Кралство.
„Сметам дека тоа е земја, наш сериозен партнер во изминатите години, децении, секогаш, и во кризи кога сме биле, а и генерално во сите процеси за напредок на земјата, Велика Британија давала поддршка и тој чин, тој гест е за поздравување“.
Околу вториот договор Филипче изрази сомнежи и постави серија клучни прашања. Според Филипче, износот од 6 милијарди евра е алармантен.
„Огромна сума на пари, 6 милијарди евра, го надмина дури и нашиот буџет“, рече Филипче. Тој истакна дека прво мора да се утврди потеклото на средствата и да се одговори на прашањата дали парите се британски и директно од британската влада или станува збор за фонд којшто е лоциран во Велика Британија, а располага со пари од некоја друга земја.
Филипче потсети на заемот од Унгарија, за кој, како што рече, биле понудени полоши услови од оние на Светска банка:
„Ние докажавме и покажавме документи кога Владата зема ист таков влада со влада заемот од Унгарија, дека во тој момент кредитот, односно заемот кој што можевме да го земеме за развој на општините од Светска Банка, беше далеку поповолен од таа камата што ја даде Унгарија – 3,25 проценти, дополнително одредени провизии за банките коишто ги делат кредитите“.
Тој остро реагираше и на начинот на кој повторно се прави договор од типот влада со влада и за тоа колку ќе има транспарентност во трошењето на овие средства.
Како пример за целосен недостаток на информации, го наведе случајот со унгарскиот заем: „Ние, на пример, за парите кои што стигнаа од Унгарите немавме и јавноста, ама апсолутно никакви информации. Транспарентноста е еднаква на нула“.
Филипче оцени дека Владата мора итно да одговори на сите овие прашања, бидејќи, како што рече, се работи за клучна одлука со огромни импликации.