Топ
Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште за време на лов 25-годишниот Ѓ. К. од Прилеп бил погоден со куршум од ловечка пушка од едно лице од ловната група.
Околу 14.55 часот од екипа на брзата помош било констатирано дека 25-годишникот им подлегнал на повредите.
Во врска со инцидентот што се случил додека пријатели ловеле диви свињи, уапсен е С. П. (50) од Прилеп, кој бил приведен во полициска станица.
Од прилепското Основното јавно обвинителство потврдија дека против осомничениот 50-годишник е поведена постапка за кривично дело – убиство од небрежност.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот издал наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.
„Обвинителството до сдијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во прилепсклата полиција и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање“, се наведува во соопштението на прилепското обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото да живееме во мир, напиша претседателот на Украина на социјалната мрежа X, покрај честитката од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод Денот на независноста на Украина.
I sincerely thank President @gogamkd for the warm congratulations on Ukraine’s Independence Day and for the principled and uplifting words of support. Ukraine highly values North Macedonia’s unwavering solidarity and strong voice in support of our freedom, dignity, and the right… pic.twitter.com/jLnA9eBcJY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 24, 2025
„Искрено ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзините топли честитки по повод Денот на независноста на Украина и за нејзините принципиелни и инспиративни зборови на поддршка. Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото да живееме во мир“, напиша Зеленски.
Топ
Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда.
Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња, замавнал со неа и ја удрил по главата.
Жената започнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција, по што со брза помош била пренесена во болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Имајќи го предвид начинот на сторување на кривичното дело, а со цел да се заштити жртвата од можноста за ново загрозување на нејзината безбедност, здравје и живот, јавниот обвинител побара на осомничениот да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост: забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска да се јавува повремено на определено службено лице.
Македонија
Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 24 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК извести дека е активен пожарот во општина Долнени, село Долгаец, каде што гори мешана шума.
Под контрола се два пожари, во општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и во општина Гевгелија, на планината Кожуф (висока шума).
Како што информираше ЦУК, изгаснати се 24 пожари.