Топ
Детали за убиството во Виничани: поради расправија за цевка, 25-годишникот намерно го прегазил соседот со автомобил

Велешкото Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани поради убиство.
На 19 јули, како што информираа од Обвинителството, настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот „фиат панда“, сопственост на татко му и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот намерно удирајќи го со возилото.
При ударот, оштетениот со главата удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичена ограда од двор по што паднал на земјата добивајќи многу тешки телесни повреди, од кои починал на самото место.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот – како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос. констатирано од Државен инспекторат за труд.
На тие лица, пријавениот незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.594.510 денари и за таа сума го оштетил буџетот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Куманово.
Македонија
Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник, согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
На 24.08.2024 година, во парк во населбата Чаир, обвинетиот извршил други полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило дека ќе повика полиција. Во тој момент обвинетиот се обидел да избега и да се скрие во влез од зграда. Детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела обвинетиот.
За обезбедување на обвинетиот во текот на постапката на сила се мерки на претпазливост определени од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.
Свет
Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да стане германски канцелар во првиот круг од гласањето, задавајќи изненадувачки удар на неговата нова коалиција со социјалдемократите.
69-годишниот Мерц, кој ја предводеше Христијанско-демократската унија до федералната победа во февруари и се договори за коалиција со социјалдемократите (SPD), доби само 310 гласови во долниот дом на парламентот, изјави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.
Клокнер ја прекина седницата за да можат парламентарните групи да одржат консултации за следните чекори.
Бундестагот сега има 14 дена да го избере Мерц или друг кандидат за канцелар со апсолутно мнозинство, а нов круг гласање би можел да се одржи уште денес.
Христијанските демократи на Мерц ги добија изборите во февруари со 28,5 проценти од гласовите, но им треба барем еден коалициски партнер за да формираат мнозинска влада.
Вчера тие потпишаа договор за коалиција со социјалдемократите, кои освоија само 16,4 проценти на изборите, што е најслабиот резултат во историјата на партијата од крајот на Втората светска војна.