Топ
Детали од МВР за сообраќајката во Кисела Вода – повредени две деца кои со мотор удриле во автомобил

Две деца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во Кисела Вода.
Од МВР информираа дека несреќата се случила на крстосница од улицата „Борис Трајковски“ со ул.„Есенинова“ и ул.„Иван Козаров“.
Моторот управуван од малолетно лице, се судрил со автомобил „рено меган“ управуван од Ј.Т.(33) од Скопје.
На моторот се превзувало уште едно дете кое со тешки повреди завршило во болница, а возачот се здобил со телесни повреди.
Неофицијално станува збор за лица под 15 години.
Увид на местото извршила полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело.
Со Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи вицепремиерот за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, а членови ќе бидат: министерот за внатрешни работи, министерот за правда, министерот за финансии, јавниот обвинител, претседателот на Врховниот суд, раководителот на Канцеларијата за поврат на имот, директорот на Бирото за јавна безбедност, директорот на Царината, директорот на Управата за финансиска полиција, директорот на Агенцијата за управување со одземен и конфискуван имот и претседателот на Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот.
„Кабинетот на вицепремиерот Фетаи ќе продолжи да обезбедува политичка, административна и техничка поддршка за работата на Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот. Процесите и стратешките одлуки кои континуирано се реализираат се доказ за посветеноста на Владата во градењето институционални капацитети и обезбедување услови за спроведување финансиски истраги, конфискација и поврат на имот, како и управување со конфискуваниот имот“, велат од Кабинетот на Фетаи.
Како што се додава, државата се гради секој ден, а граѓаните мора да бидат сведоци на конфискација на нелегално стекнатата имотна корист и да имаат можност истата да ја користат преку нејзина социјална пренамена.
Македонија
Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна на АНБ и АР, истакна дека станува збор за случај кој одблизу се следи, а воедно и дека организираното следење било спроведувано за лични и политички цели, истакнувајќи дека доказните материјали за целиот случај се предадени на обвинителството.
„Се согласувам дека процентот на доверба во правен исход, особено кога случајот е доведен пред портите на обвинителството, е многу низок. Но, во исто време, ова е случај што ние одблиску ќе го следиме. Институциите работеа во изминатиот период и тие индиции и доказни материјали се предадени во обвинителството. Организирањето следење не било само од АНБ, туку и од АР. И двете биле користени за лични и политички цели. Кој бил интересот на државата да следи новинари, медиуми или моите деца? Тоа кажува дека системот во рацете на тие луѓе забегал“, рече Мицкоски.
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, укажа на потреба од расветлување на целиот случај и ставање на крај на ваквите масовни злоупотреби, кои влијаат штетно врз целата држава и ги нарушуваат демократските вредности на кои се заснова системот.
„Затоа уште повеќе инсистирам овој случај да биде разрешен, затоа што има тренд, неславна традиција на злоупотреба на безбедносно-разузнавачките служби овие три децении. Индикативно е што тоа се горе-долу истите луѓе кои ги одработуваат ваквите масовни злоупотреби, со што го разнебитуваат системот и нанесуваат штета не само на индивидуи и нивните семејства, туку и на целата држава, уривајќи ги демократските темели врз кои треба да почива системот. Време е да се стави крај и да се испрати порака дека тие не се посилни од државата, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста, истакна Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
„Она што го очекувам од овој надзор е да не биде дозволен увид во сите документи што ќе ги побараме, кои Агенцијата, се разбира, смета дека треба да ни бидат достапни, но и оние што ќе ги побараме на наша барање.
Лично јас веќе имам подготвено триесетина прашања, кои ќе ги упатам, а се разбира сѐ во интерес на расчистување на овој случај. Едно од тие прашања што ќе ги поставам, а за жал, ако состанокот биде класифициран, нема да може да ви го дадам јас одговорот, е што се случило со полиграфистот што се посочува, барем во брифинзите што ги има дел од јавноста, како клучен, односно тој што ги спровел полиграфските тестирања. Дали е тој сè уште на работа, дали заминал, дали заминал под притисок итн? Што се случило со шефот на внатрешната контрола, зошто тој бил сменет? Според мои информации, можеби не е вистина, но зошто тој бил сменет непосредно пред да почне оваа внатрешна истрага во Агенцијата и така натаму“, праша Петровска.
Според неа, тоа се многу прашања, кои, како што истакна, се во интерес на овој надзор и обелоденување на вистината за овој таканаречен скандал.