Црна хроника
Дете загина во пожар во зграда во Гостивар, жена пренесена во болница со тешки повреди
Малолетно дете загина во пожарот што избувна во станбена зграда во Гостивар. Детето било извадено од опожарениот стан, каде што им подлегнало на повредите.
Тоа е пренесено во Општата болница во Гостивар, а обидите за реанимација биле неуспешни.
Тешки повреди добила жена над 30 години, на која ѝ се укажува помош во болницата.
„Првичните информации се дека во 8 часот утрово во СВР Тетово е пријавено дека во стан на трети кат во Гостивар избувнал пожар. Како последица на пожарот, две лица имале сериозни здравствени тешкотии, пренесени се во Општата болница во Гостивар, при што е констатирано дека едно од двете лица, кое е малолетно, починало. На самото место се јавен обвинител и СВР Тетово. Со интервенција на Противпожарната единица пожарот е локализиран. Ќе се утврдуваат причините“, велат од СВР Тетово.
Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар, на терен излегле со две возила и за половина час го локализирале пожарот. Првичните сознанија се дека пожарот се појавил во една од собите на станот, во кој престојувало повеќечлено семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

