Топ
Дете нападна маж во Битола за да му украде 1.500 денари – човекот бил соборен и удиран со клоци по телото
Битолското Обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете поради разбојништво.
На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари. Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите, од кои одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи, велат од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата за деца достави предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор
„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае што му е работата“, напиша градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи.
„Знаат пред некој ден да склучат договор од 2,2 милиони евра за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор.
Еве да ги потсетиме на договорот што го склучиле за одржување и косење на дворот во Влада и тоа за 330 илјади евра!“, додаде Арсовска.
Техничкиот премиер Талат Џафери, по отчетот за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје.
Македонија
ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот
ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата.
„Таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка.
Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институцции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено“, се наведува во соопштението на ЈП Паркови и зеленило.
ЈП Паркови и зеленило испратија јавно достапен документ за тоа кој треба да го одржува дворот на Владата.
Топ
Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало
Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на 14-годишно момче од Битола му се слошило и паднало по што било пренесено во Клиничка болница – Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство“ – информираат од полицијата.
Надлежните извршиле увид на лице место, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото момче е дадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта.