Црна хроника
Дете на велосипед повредено во сообраќајка кај „Мајчин дом“

Вчера на ул. „Васко Карангелевски“ во Скопје во близина на „Мајчин дом“, патничко возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ж.(50) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 12-годишно момче од Скопје.
Од ударот детето се здобило со повреди и со возилото на возачот било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник од Струмица превезувал мигранти од Египет и Сирија: уапсен е тој и 18-годишник од Богданци

Вчера околу 22:10 часот кај место викано „Дубрава“, полициски службеници од Полициската станица за гранични премин и гранична контрола Дојран ги лишија од слобода Ф.М.(18) од Богданци и 17-годишник од Струмица.
Претходно, полициските службеници ги забележале лицата како со патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, а сопатник бил Ф.М., превезуваат мигранти.
Подоцна, пред Богданци, возилото е запрено и лицата се лишени од слобода. Во службен разговоро тие го признале делото и изјавиле дека превезувале осум лица мигранти, од кои шест од Египет и двајца од Сирија. По преземени мерки и мигрантите се пронајдени и спроведени во прифатно –транзитен центар во Гевгелија, додека лицата се задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Богданци, пронајдена дрога, уапсен 54-годишник

Вчера во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Р.(54) од Богданци.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава.
Македонија
OJO со детали за пироманот од Скопје: носел бензин во шише, го полеал возилото и го запалил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице осомничено за кривично дело – Предизвикување општа оапсност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 16 октомври, на улицата „Народни херои“ во Скопје, со бензин предизвикал пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице. Бензинот го носел во пластично шише, го полеал автомобилот и го запалил, а со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето.
„Бидејќи постои опасност од бегство, но и веројатност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да биде определена мерка притвор“.