Топ
Бебе тешко повредено во градинка во Скопје – родителите тврдат дека кога го зеле не престанало да плаче

Единаесетмесечно бебе било земено од градинка во Шуто Оризари со тешки повреди.
Родителите кои го пријавиле случајот во МВР, велат дека нивното бебе било два часа во градинката оти се наоѓало во период на адаптација.
Го однеле во 8 часот, а кога таткото во 10 часот се вратил по детето и го донел дома, мајката почнала да го пресоблекува и не престанувало да плаче.
Потоа со детето заминале кон ургентентниот центар, каде лекарот му констатирал скршеница на десното рамо. Родителите повикаа на одговорност од целата градинка и од општината Шуто Оризари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Граѓани го блокираа мостот „Близнаци“: Секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓани утрово од 7 часот и 30 минути еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
„Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и сѐ поголемото труење кое му се прави на овој народ“, велат од „Стоп за Вардариште“.
Од таму велат дека ќе блокираат секој ден се додека не се исполнат нивните барања:
– Итно преземање мерки за гаснење на активните пожари на депонијата.
– Континуирано обезбедување на локацијата со физичко присуство од страна на МВР и/или припадници на АРМ за спречување нови палења.
– Поставување ограда околу целата депонија.
– Поставување камери вклучително термални на повеќе точки низ Вардариште кои онлајн ќе бидат јавно достапни за сите граѓани 24/7.
– Итно одвојување финансиски средства и од локалните самоуправи и од централната власт за спроведување на сите неопходни активности за санација и затворање на депонијата Вардариште, согласно еколошките стандарди.
– Формирање независна комисија за испитување на причините за палењето и одговорноста.
– Целосна реформа на системот на управување со отпад преку воведување концепт нула отпад.
„Сакаме да ја алармираме јавноста и надлежните институции за сериозниот и континуиран проблем со палењето на депонијата Вардариште, што резултира со секојдневно загадување на воздухот, почвата и водата во Скопје и околината.
Граѓаните кои живеат во близина на депонијата, како и сите жители на градот, се изложени на штетни гасови, чад и канцерогени честички кои се ослободуваат при палењето на отпадот. Медицински лица постојано предупредуваат јавно за последиците по нашето здравје, особено по здравјето на децата. Овој проблем не е нов, но неговата зачестеност и интензитет во последните месеци достигнаа алармантно ниво.
Според официјални податоци уште од 2014 г., на локацијата се претпоставува дека биле депонирани околу 2.500.000 м3 отпад. Точното количество на отпадот не се знае, како ни неговиот состав. Анализите укажуваат на високозагадена и контаминирана средина, како и дека покрај комунален е складиран и индустриски отпад. Резултатите од мониторингот уште во 2013/2014 г. укажувале на многу негативно влијание врз животната средина, особено врз подземните води.
Ова не е само еколошко прашање – ова е прашање на јавна здравствена безбедност. Секој ден без акција значи уште еден ден во кој децата, возрасните и сите граѓани вдишуваат отрови“, наведуваат од „Стоп за Вардариште“.
фото: фејсбук
Македонија
(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.
„Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели.
Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд. Апелираме дека сите патници имаат законска обврска да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата“, велат од Царинската управа.
Македонија
„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата“, велат од ДУИ
„Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис на изгорена пластика, гуми и батерии, граѓаните очекуваа информации, препораки и апел за заштита. Но, Меџити не излезе пред јавноста, не презеде мерки, не понуди решение. За него, поважно беше да се појави на партиски активности, како ништо да не се случило.
Парадоксално е што токму Министерството што тој го води е тоа што издава дозволи и има обврска да ги контролира ваквите објекти. Но, Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници во ДУИ.
Наместо да измислуваат внатрешни и надворешни непријатели, оваа Влада и Меџити треба да се соочат со својата одговорност, да ги расчистат случаите на палење пожари и да ја лоцираат одговорноста таму каде што навистина припаѓа – дури и ако тоа е нивната неспособност. Клеветите и неоснованите обвинувања нема да ги спасат од неуспехот.
Ова не е прв пат. Две децении во Чаир тој остави зад себе урбан хаос, загадување и негрижа, се сеќаваше на граѓаните само пред избори. Денес, истиот модел на неодговорност се повторува на државно ниво.
Јавно прашуваме: кој ги подметна пожарите во Битола, Кавадарци, Штип и во други градови низ државата? Зарем и таму виновна е ДУИ? Или тоа е едноставно стилот на Меџити – да бега од одговорност и да мисли само на својот личен интерес“, прашуваат од ДУИ преку писмено соопштение.