Црна хроника
Директорка во болницата во Охрид местела тендери, а од фирмата ја честеле патувања низ Европа
Вработена во болницата во Охрид како помошник-директор за економски работи при спроведување јавни набавки потпишала изјава за непостоење судир на интереси, а како награда од правното лице што го добило тендерот добивала патувања во Милано, Париз и во Варшава, соопшти МВР.
Полицијата поднесе кривична пријава против О.Л. (50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општата болница во Охрид, и против М.К. (59) од Охрид, помошник-директор за економски работи во болницата, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Според информациите на МВР, во периодот од 2014 до 2016 година пријавените прикажувале фиктивни семинари за нив и нивните сопрузи, а второпријавената во 2016 година, прикажувајќи учество на семинар, извршила и резервација за неколку лица вработени во болницата во Охрид, со што му нанеле штета на буџетот на болницата во износ од 45.440 денари.
Исто така, второпријавената при спроведување јавни набавки потпишала изјава за непостоење судир на интереси пред склучување на договорите со правно лице од Скопје, а како награда за објавување на тендерите во корист на тоа правно лице ѝ биле платени патувања на конгреси во Милано, Париз и во Варшава, со што стекнала противправна корист од 89.063 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

