Црна хроника
Директор и стечаен управник обвинети за злоупотреба на службената положба во Кавадарци
Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од 28.5.2009 година до 28.5.2013 година првиот обвинет како извршен директор на стечајниот должник Акционерско друштво за производство на режена граѓа и други финални производи од дрво ДИК „Страшо Пинџур“ (во стечај) – Кавадарци и управител на правното лице „Амбалажа Кабран“ од Кавадарци, спротивно од одредбите на Законот за стечајот, не ги исполнил обврските што произлегуваат за него од спроведениот дел на стечајниот план – план за реорганизација на стечајниот должник, кој бил подготвен и изготвен од санаторот инвеститор „Амбалажа Кабран“. Во согласност со овој план тој бил задолжен да изврши финансиска консолидација на стечајниот должник, да го обнови и продолжи деловниот потфат, како и да ги намири обврските кон доверителите групирани во четири групи во рок од четири години и една година грејс-период, заклучно со 28.5.2013 година. Спротивно на ова, обвинетиот почнал да врши продажба на недвижниот имот на стечајниот должник.
Во отсуство на надзор над спроведувањето на стечајниот план обвинетиот извршил продажба на имот на стечајниот должник во вкупна вредност од 8.636.415 денари, без да ги исплати утврдените побарувања на доверителите во стечајната постапка.
Втората обвинета, пак, во својство на службено лице – стечаен управник на стечајниот должник ДИК „Страшо Пинџур“, спротивно на Законот за стечајот не извршила надзор над исполнувањето на стечајниот план за 2011, 2012 и за 2013 година и не го известила одборот на доверители ниту стечајниот совет дека стечајниот план не се спроведува и дека се врши продажба на имотот на стечајниот должник, со што се оневозможува намирувањето на неговите доверители.
На овој начин двајцата обвинети им причиниле значителна имотна штета на доверителите на Акционерското друштво за производство на режена граѓа и други финални производи од дрво ДИК „Страшо Пинџур“ (во стечај) – Кавадарци во вкупен износ од 15.112.669 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

