Црна хроника
Додека бегал од полицијата фрлил ќеса со марихуана – Приведен дилер од Грчец
Вчера околу 23.00 часот на обиколница Скопје, на клучка Стајковци кон клучка Радишани, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(24) од с.Грчец, општина Сарај.
Претходно, на клучка кај с.Арачиново тој не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и со возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки продолжил со движење, при што од возилото фрлил ќеса со марихуана.
Набргу, по преземени мерки од полициски службеници бил запрен, а дрогата била пронајдена и одземена. Е.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

