Црна хроника
Доживотен затвор за лице што на свиреп начин уби жена во Кочани
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна доживотен затвор.
Обвинетиот на 25.9.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Во обвинението Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело уцена кон истата оштетена сторено пред убиството. Меѓутоа, тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.