Црна хроника
Дома криел 30 илјади евра од внукот кој ги зел од луѓе на кои им ветил работа во странство
Педесет и петгодишен жител на Неготино извршил кривично дело прикривање, со тоа што во два наврати во текот на минатата година прикрил пари на неговиот внук стекнати на инкриминиран начин и ги чувал во својот дом.
Според информациите од МВР, неговиот внук се барал со потерница за сторени кривични дела измами на граѓани преку интернет по основ на нудење и посредување работа во странство. На него му била одредена казна затвор. Како што се наведува, се работи за вкупна вредност од 30.975 евра, кои дедото ги чувал кај него дома.
Л.А.(55) од Неготино заработи кривична пријава од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино.
По насока од Д.К., на неговата трансакциона сметка, еден дел уплатил во банки во Неготино како трошоци за ангажиран адвокат, за извршители, поврат на средства на оштетени странки и друго, а друг дел чувал во својот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

