Топ
Еден загинат во сообраќајна несреќа меѓу мопед и автомобил кај Богданци
46-годишно лице починало во сообраќајна несреќа меѓу мопед што го управувал починатиот и патничко возило, на регионалниот пат – обиколница Богданци, соопшти полицијата.
Имено, денеска во раните утрински часови, односно во 01.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од с.Стојаково и патничко возило „форд мондео“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г.(41) од Нов Дојран.
На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ќе запрам нелегален влез, ќе прогласам национална вонредна состојба на јужната граница
Во своето инаугуративно обраќање, претседателот Доналд Трамп вети златно доба за Америка, неколку минути откако по вторпат положи заклетва како претседател во извонредно политичко враќање по два обиди за атентат, кривично дело и обвинение за обид да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.
„Златното доба на Америка започнува сега“, рече Трамп, нагласувајќи дека под негово водство земјата „ќе процвета и ќе биде почитувана“.
Тој тврдеше дека победата му дала мандат да го смени „ужасното предавство на американскиот народ“.
Тој ја осуди администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден и нејзиното справување со мигрантската криза, велејќи дека земјата има криза на „доверба“ во сопствената влада.
Потсетувајќи се на обидот за атентат што го преживеал за време на кампањата, тој рече дека Бог го спасил за да „ја направи Америка повторно голема“ и заклучи дека денот на неговата инаугурација е денот на ослободувањето на земјата.
Ќе прогласи вонредна состојба на јужните граници и ќе бидат стопирани сите нелегални влезови и ќе започне депортацијата на илегалните мигранти, што беше поздравено со аплауз од толпата. Тој повторно ќе ја воведе антиимигрантската политика „престој во Мексико“ и ќе испрати војска да „одбие деструктивна инвазија на земјата“.
Тој ќе ги прогласи нарко-картелите за терористички организации со цел да го спречи влезот на дрога во земјата, а најави и жестоко сузбивање на криминалот во земјата.
Тој најави и промена на енергетската политика.
Америка повторно ќе има производство, вклучително и автомобилската индустрија, и ќе произведува енергија што ќе се извезува низ целиот свет, рече Трамп.
Свет
Бајден го објави последното селфи од Белата куќа
Во тек е инаугурацијата на Доналд Трамп. Церемонијата во црквата е завршена, по што Трмп се упати кон Белата куќа.
Додека Бајден чека Трамп да дојде кај него, тој објави селфи со Џил Бајден на „Икс“ – последното од Белата куќа.
Двојката наскоро ќе ги угости Доналд и Меланија Трамп на чај, а потоа ќе се упатат кон зградата на Капитол на инаугурацијата.
„Последно селфи. Те сакаме Америка“, напиша Бајден во описот на фотографијата.
One more selfie for the road. We love you, America. pic.twitter.com/71k46uGADV
— President Biden (@POTUS) January 20, 2025
Македонија
Нормализирана испораката на топлинска енергија
Нормализирана е испораката на топлинска енергија откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно греење поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа.
Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска енергија се реализира согласно мрежните правила кај сите станбени и деловни објекти каде што утрово после 10 часот беше намален квалитетот на испорака, со исклучок на дел од потрошувачите во Општина Центар, велат од ЕСМ.
Оттука додаваат дека продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот во близина на Олимписки базен, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод.
Станува збор за интервенција врз магистрален вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.
Директорот на ЕСМ, Петар Милетиќ ја обвини претходната власт за двегодишна целосна негрижа и неодржување на дистрибутивната мрежа.
„Претходното раковоство кадри на СДСМ и на ДУИ кои несовесно и неодговорно раководеа со системот за дистрибуција на топлина придонесуваат за појава на неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод. Некоректно е дефект на топлификациската мрежа кој е последица на негрижата на претходното раководство, да се користи за паника и вознемиреност кај граѓаните на Град Скопје во функција на добивање ситни дневнополитички поени“, вели Петар Милетиќ.