Црна хроника
Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Според официјалните информации од МВР, едно лице го загубило животот.
„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР.
Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Украдени две бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Заталкано зрно од оружје пронајдено во угостителски објект во Чаир

Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје, Б.В.(33) од Скопје пријавил дека на покриената тераса од угостителски објект на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Романец фатен со дрога на Табановце: во личниот багаж скрил марихуана

Вчера во 15:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот Д.В. од Романија.
При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачиа“ со романски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.