Топ
Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило „oпел корса“ со скопски регистарски таблички излетало од патот.
Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство. Во близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.
Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат лицата сместени во објектот
РЦУК Велес, известува дека во село Чемерско во општина Кавадарци, има пожар во старечкиот дом. На терен се 10 пожарникари со три противпожарни возила и интервенираат.
Исто така во терен има уште три медицински тима и две полициски коли со осум полицајци. Во меѓувреме се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со две мини возила (минибуси), се додава во известувањето.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово каде биле измерени -9 степени, -8 било во Крива Паланка, -7 во Битола и Прилеп, -6 во Виница, -4 во Тетово, Штип и Куманово, -3 во Струмица и Дебар, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Маврови Анови, -1 во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Гевгелија и Лазарополе, 1 на Попова Шапка, 3 во Крушево.
Висината на снежната покривка изнесувала 47 сантиметри на Попова Шапка, 44 Маврови Анови, 24 Крушево, 17 Битола, 10 Тетово, 8 Демир Капија, 6 Лазарополе, Штип, Берово.
Времето денеска
Претпладне студено со магла и ниска облачност по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Максималната температура во котлините со магла до 4, а во останатиот дел од земјата ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со магла и ниска облачност, преку денот променливо облачно. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Македонија
30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште осум лица
Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште осум лица од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР. За еден осомничен е определена мерка – куќен притвор.
Определен е притвор и за двете лица кои се во бегство, кој ќе почне да се спроведува од нивното пронаоѓање, односно лишување од слобода.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои:
Предлогот за определување мерка притвор против: Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото.
На осомничениот С.М., донесено е решение за определување мерка Куќен притвор.
Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, објави Кривичниот суд Скопје.