Црна хроника
Едно лице починало во сообраќајна незгода во Струмичко

Едно лице починало во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат с.Дабиље-с.Петралинци, Струмичко, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 7:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Дабиље –с.Петралинци, Струмичко, во близина на крстосницата за с.Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.В.(31) од с.Дабиље и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Д.(48) од с.Петралинци.
На местото на незгодата починал возачот на патничкото моторно возило И.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.