Црна хроника
Жена нападната и искасана од куче на гробиштата „Бутел“

Педесет и тригодишна жена од Скопје била нападната и искасана од куче скитник на Градските гробишта „Бутел“.
Инцидентот се случил вчера, а Д. Т. го пријавила во Полициската станица Чаир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР го разреши началникот на Демир Хисар

Министерството за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола при МВР изврши проверка по објавено видео од претрес во Демир Хисар. Во текот на проверките е констатирано непрофесионално и неетично однесување на началник од ОВР Демир Хисар.
За наведеното лице е покрената дисциплинска постапка, а со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, началникот ќе биде разрешен од функцијата.
Министерството за внатрешни работи јасно го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата постои за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.
Црна хроника
Триесет жени од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија се приведени во Тетово

Триесет жени од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија биле затекнати и приведени во ноќна полициска акција во Тетово и с. Желино, поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Акцијата, спроведена во ноќта меѓу 9 и 10 август (23:30 – 02:30 часот), била организирана од полициски службеници на СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе од Скопје.
При контролата во објект во с. Желино, сопственост на 48-годишниот Ј.Ф., и во објект во Тетово управуван од 22-годишниот И.А., било утврдено дека странските државјанки престојувале во земјава спротивно на целта на туристичкиот престој.
Тие биле задржани во полициска станица, а сопственикот и одговорното лице се соочуваат со поднесување соодветни кривични и прекршочни пријави.
Црна хроника
Во Гостиварско најдена дрога, приведено е едно лице

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 22:40 часот во гостиварското село Долна Бањица го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
-Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.