Црна хроника
Жител на Кучевиште злоупотребувал две малолетнички

Во Полициското одделение Мирковци 35-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 11:5 часот во с.Кучевиште нејзината малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П. од с.Кучевиште.
Истиот ден околу 20:10 часот 41-годишен маж од скопско село пријавил дека околу 11:15 часот во с.Кучевиште неговата малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Mлада скопјанка нападната од вонбрачниот партнер и од мајка му

23-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната во семејниот дом во скопската населба Гази Баба.
Според пријавата поднесена на 16 јули, жената била нападната од мајката на нејзиниот вонбрачен сопруг, Л.Ј. (48). Таа, исто така, навела дека два дена претходно била физички нападната и од самиот вонбрачен сопруг, Ј.Ј. (27), исто така од Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Измамен скопјанец со лажни полиси за осигурување

68-годишен маж од Скопје пријавил дека во период од една година, од женско лице Т.П.Н. бил измамен за сума од 48.875 денари.
Според пријавеното, таа се претставила како осигурителен брокер, вработена во правен субјект, и му понудила полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и Дојран, од кои на трансакциска сметка платил 33.875 денари, додека пак во готово и дал 15.000 денари.
Како што е пријавено, откако не ги добил полисите за осигурување, сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена со ветување за брак, изгуби 9.700 евра

65-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена преку социјална мрежа. Во мај годинава, таа почнала онјан да комуницира со маж и се договориле да се земат.
Мажот ѝ побарал пари за да може да се сретнат во Охрид, па таа во три наврати му испратила 6.700 евра преку брз трансфер, а дури подигнала и кредит од 3.000 евра. Но, средбата никогаш не се случила, па жената сфатила дека е измамена.
Полицијата работи на случајот.