Црна хроника
Жител од Гостивар обвинет за напад врз полицаец
Против 49-годишен жител на Гостивар било поднесено обвинение за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи по безбедноста казниви по Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.
Обвинетиот на 24 април 2021 година, во 17:10 часот, со употреба на сила спречил сообраќаен полицаец во вршење на неговите службени дејствија – пренасочување на сообраќајот на булевар Браќа Ѓиновски во Гостивар.
Обвинетиот управувал патничко моторно возило со кое со намера да се приклучи кон булеварот Браќа Ѓиновски, се приближил до службеното лице полицаец, иако тој давал знак дека не смее да се продолжи по булеварот.
Обвинетиот не го почитувал дадениот знак, се доближил со возилото до службеното лице и му рекол дека сака да продолжи по булеварот.
По дадено објаснување од службеното лице и барањето да се почитува дадениот знак, обвинетиот со агресивно однесување се обратил кон полицаецот со зборовите „јас ќе одам каде сакам“.
Полицаецот побарал од обвинетиот да му ги даде документите за да го идентификува, но во тој момент обвинетиот го удрил по рака оштетениот полицаец, го фатил за ракавот од униформата и почнал да вози со голема брзина. Откако поради други возила запрел, обвинетиот продолжил да се заканува на службеното лице – полицаец, го турнал со двете раце, со што му нанел и телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.